Прекин на сообраќајот на патните правци Кратово-Пробиштип и Куманово-Свети Николе

by Фокус

Сообраќајот на регионалниот пат Кратово – Пробиштип и на патниот правец Куманово – Свети Николе е во прекин за сите видови на возила поради наноси од снег на патот, соопштуваат од Авто-мото сојузот на Македонија.

Од таму додаваат дека повторно е воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Велес – Катланово, додека сообраќајот на патниот правец Куманово – Крива Паланка се одвива отежнато поради наноси од снег на коловозот.

Според АМСМ, забрани за сообраќај за тешки товарни возила уште има на планинските превои Стража,Маврово, Ѓавато, патен правец Крива Паланка – граничен премин Деве Баир и патниот правец Велес-Катланово.

Поврзани новости