Центарот за управување со кризи денес го промовираше посебниот систем за командување во итни ситуации – НИКС, кој ги дигитализира сите податоци од терен и помага на главниот штаб во носењето на квалитетни одлуки, изјави директорот на ЦУК Стојанче Ангелов.
-НИКС ги дигитализира сите податоци од терен и ги прикажува во централата кадешто раководи главниот штаб. Следната генерација за систем на командување, просторно ја прикажува ситуацијата на терен, на едно место, на екран се гледаат сите податоци. Каде има активен пожар, каков е интензитетот на пожарот, каде има изгаснат пожар, каде има можност за повторно реактивирање – вели Ангелов.
Тој додава дека новиот систем ќе му помогне во голема мера на главниот штаб да носи квалитетни одлуки и да ја подобри координацијата со силите на терен.