Гори борова шума близу Будинарци

by fokus

Пожарот во пехчевскиот регион, во село Будинарци, се уште не е изгаснат, додека пак пожарот во делчевскиот регион засега е под контрола, информираше предмалку Марија Милкова од Центарот за управување со кризи.

Ангажирани се повеќе вработени, од ЕВН, од шумските стопанства, локално население, силите на терен од Словенија, Австрија и АРМ со 40 војници. Таму има и еден хеликоптер. Во Будинарци гори висококвалитетна борова шума и тоа горе на непристапен терен – рече Милкова.

Поврзани новости