ЦУК: Локализиран пожарот во Охис, не горат опасни материи

by Fokus

Локализиран е пожарот што денеска избувна во кругот на поранешната фабрика ОХИС во Скопје, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

-Таму,сѐ уште се екипите на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје и нема информации за горење на какви било опасни материи, соопшти ЦУК

Според информациите од ЦУК во еден од објектите на поранешната фабрика опожарени се оџак и дрвена маса.

За две недели ова е вторпат да има пожар во кругот на ОХИС. Претходно гореше сува трева зад фабриката.

Поврзани новости