-За неколку месеци ќе се покаже дека е неопходно се што е опозиција да се обедини во ист фронт. Тој фронт, треба да биде мултиетнички. Не е доволна само македонската опозиција, туку треба мултиетнички фронт. Ваков режим треба да биде поразен само од народот, изјави Бранко Црвенковски во вечерашното гостување во „Топ тема“ на телевизија Телма.
Тој рече дека моменталната криза во Македонија е многу повеќе од политичка и дека државните институции се приватизирани.
-На Македонија и е неопходно потребно редизајнирање на целокупниот систем. Тоа ќе биде макотрпна работа. Но, прв предуслов за тоа е оваа влада да замине. Овде не говориме за битка меѓу ВМРО-ДПМНе и СДСМ, ако на другата страна не застане се што мрда, се живо во оваа земја, изјави Црвенковски.
Поранешниот претседател и премиер заклучи дека не е возможно целата криза да има правна разрешница, токму поради партизираноста и непостоењето на независно судство. Според него, единствен начин да се собори, како што тој го нарече, тоталитарниот режим во државата е преку политиката на отпор, масовни протести и различни форми на граѓанска непослушност.