Црвенковски: Протестот на 17 мај нема многу да смени, битката ќе биде долга

by Фокус

-Оваа битка нема да се добие со еден потег. Не треба да се создава впечаток дека по протестот на 17 мај нешто  ќе се смени. Не чека тешка битка. Таа ќе трае. Носителите на власта нема да ги напуштат своите позиции толку лесно и подготвени се да преземат големи ризици, изјави Бранко Црвенковски во вечерашното гостување во „Топ тема“ на телевизија Телма.

Тој рече дека кризата не може да се реши со инволвирање на странци, туку народот треба да се избори за својата слобода.

Тие може да помогнат, но слободата никој не може да ти ја подари. Или како народ ќе покажеме дека имаме капацитет да се избориме за својата слобода или ова ќе го трпиме. Не може некој во Брисел или Вашингтон повеќе да се грижи за нашата држава, изјави Црвенковски.

 

Поврзани новости