Црвенковски без коментар и по обвинувањата на Бучковски

by fokus

Поранешниот шеф на државата и лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски не ги коментира ниту последните обвинувања кои јавно ги изнесе поранешниот премиер и исто така поранешен лидер на СДСМ, Владо Бучковски кој го обвини дека работел против партијата и дека неговото делување било една од причините СДСМ да изгуби на локалните избори.

-Поранешниот претседател Црвенковски останува на ставот да не дава изјави во јавноста по било кои прашања.Поранешниот претседател Црвенковски останува на ставот да не дава изјави во јавноста по било кои прашања, изјавија за „Фокус“ од Кабинетот на Црвенковски.

Оттаму не сакаат да коментираат ниту дали Црвенковски активно ќе се вклучи во внатрепартиските избори по оставката на Зоран Заев.

Бучковски во телевизиско гостување пред неколку дена ги коментираше случувањата во СДСМ и рече дека во партијата имало неколку групации кои биле незадоволни од начинот на кој СДСМ ја водел политиката.

-Едната групација е на Бранко Црвенковски, кој не го криеше тоа. Беше многу симптоматично тоа што неговото обраќање во МАНУ беше на почетокот на кампањата. И јас се соочив со такво нешто во 2006 година. Суетата на Црвенковски… Не сите спонтано останаа дома, дел од членовите на СДСМ, на тој начин направија ваква разлика за ВМРО-ДПМНЕ. Максим Димитриевски исто така отворено се конфронтираше со партијата, рече Бучковски.

Црвенковски кој ретко се појавува во јавноста за време на кампањата имаше говор во МАНУ од каде упати критики за актуелната политичка состојба во земјава и оцени дека е длабоко поделена, конфронтирана и корумпирана. Тој рече дека економската состојба во државата е полоша од пред 10 или 20 години.

Ф.Ф.С.

Поврзани новости