Црвениот крст ќе додели 30.000 евра за жртвите од земјотресот во Албанија

by fokus

Црвениот крст на Република Северна Македонија преку соопштение изрази сочувство до граѓаните, семејствата и институциите на Албанија, за жртвите од земјотресот. Воедно, изразувајќи надеж и верба дека бројот на жртвите нема да се зголеми, поскоро оздравување на повредените, информира дека од сопствени резерви ќе додели првична парична и материјална помош во вкупна вредност од 30.000 евра.

-Црвениот крст ја следи состојбата на терен и е во постојан контакт со Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина, Албанскиoт Црвен крст и владините институции со цел утврдување на приоритетните потреби на терен и организирање на хуманитарен одговор. Црвениот крст на РСМ донесе одлука од сопствени резерви да додели првична парична помош во висина од 10 000 евра наменета за жртвите од земјотресот, како и материјална хуманитарна помош во вкупна вредност од 20.000 евра, се наведува во соопштението

Хуманитарна материјална помош се состои во вреќи за спиење, ќебиња, монтажни кревети, пакети со храна и хигиенски пакети.

Воедно објаввени се и телефонските броеви за донации „ 070/075/077 143 400 “ како и бројот на жиро сметката на фондот за солидарност „ 300000001327966 “каде што заинтересираните граѓани може да уплатат парични средства.

Заинтересирани лица од други земји може да донираат на:

NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF THE REPUBLIC OF NORTH MACEDONIA

BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE

BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, NORTH MACEDONIA

BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11

SWIFT CODE: KOBSMK2X

IBAN CODE: MK07300701000001228

Исто така, се понудени тимови за одговор при катастрофи од Црвениот крст на РСМ за помош и поддршка на албанскиот Црвен крст во справување со последиците од земјотресот.

По направените проценки наредните денови Црвениот крст на РСМ дополнително ќе се ангажира за обезбедување на хуманитарна помош, стои во соопштението.

Поврзани новости