575
Претседателот на црногорскиот кошаркарски клуб Морнар, Ѓорѓије Павичевиќ донираше два милиона евра за помош на жртвите од земјотресот во Албанија.
На страницата на Инстаграм на „Баскетбол без граници“ е објавено дека претседателот на клубот „Морнар“ одлучил да донира два милиона евра за да помогне на Албанија.
Павичевиќ е познат како голем филантроп и хуманист. Минатиот месец тој изгради детско игралиште во градот Бар, Црна Гора.