Тортевски: Иванов требаше да одговара за аболицијата!

by fokus 19:11
19:11

Не стивнуваат реакциите на експертската јавност откако Уставниот суд на дневен ред ја стави иницијативата за член 11-а од Законот за помилување со што може да се оживее спорната аболиција на екс претседателот Ѓорги Иванов, а со што од кривичен прогон би се спасиле речиси сите кои беа обвинети и осомничени од СЈО.

Адвокатот Александар Тортевски вели дека Уставниот суд сега е продолжена рака на Иванов.

-Иванов ниту имаше право да ја донесе, ниту имаше право да ја отповикува аболицијата. Требаше да одговара и тој и сите што му дадоа информации што се тајни, вели Тортевски за „Фокус“.

- Advertising -

Клучниот момент е дали членот 11-а ќе се поништи или укине. Доколку се поништи сите обвинети и осомничени екс функционери од СЈО ќе се спасат, односно ќе настане правен хаос. Ќе се поништат веќе донесени пресуди, ќе се ослободат од кривичен прогон оние што се обвинети и осомничени, а може на крајот да побараат и обештетување. Доколку пак членот се укине, тогаш ќе нема спас за Никола Груевски, Сашо Мијалков, Гордана Јанкулоска и сите други што беа аболицирани.

Поточно, со поништување на член, ретроактивно се поништуваат и сите последици кои претходно биле предизвикани, односно нема да важи поништувањето на аболицијата и таа ќе оживее. Доколку пак членот биде укинат, тогаш од тој момент па во иднина нема да важи, или актуелниот претседател Стево Пендаровски и неговите идни наследници нема да можат да поништат веќе еднаш дадена аболиција.

В.В.

Поврзани новости