832
Рекордни 748 новозаразени од Ковид-19 и четири смртни случаи се регистрирани во Хрватска во последните 24 часа.
Во моментов има 3.210 активни случаи во Хрватска, од кои 441 пациент е во болница, соопшти Националниот штаб за цивилна заштита. Од хоспитализираните, 27 пациенти се на респиратор..
Од 25 февруари вкупно 21.741 лице е заразено со новиот корона вирус во Хрватска, од кои 334 починале. Вкупно се излекувани 18.197 лица, од кои 308 во последните 24 часа.
Во моментов има 16.598 лица во самоизолација. До денеска се тестирани вкупно 372.683 лица, од кои 6.448 во последните 24 часа.