Црна Гора: Неколку повредени во конфликт меѓу приврзаници на ДПС и опозицијата

by Fokus

Неколку лица синоќа се повредени во подрачјето на градот Подгорица, во судир меѓу приврзаници на ДПС и опозициските коалиции.

Полицијата спречила потежок инцидент која ги разделила двете групи, јави подгоричкиот весник „Вијести“.

Наводно, приврзаници на ДПС славеле во кафулето „Штрафта“ кога дошла група симпатизери на опозицијата и ги нападнала, информира „Вијести“, повикувајќи се на неофицијални извори од црногорската полиција.

Илјадници луѓе синоќа се собраа на улиците во Подгорица за да го прослават успехот на опозицијата на парламентарните избори во неделата.

Синоќа во повеќе црногорски градови се одржаа и собири и литии поради повод контроверзниот Закон за слобода на вероисповед.

Освен во Подгорица, каде илјадници луѓе се собраа пред црквата Христово воскресение, собири се одржаа и во Бијело Поље, Бар, Беране и Даниловград.

Поврзани новости