Црна Гора го продава луксузниот мерцедес на Ѓукановиќ за 457.000 евра

by fokus

Министерството за финансии и социјална работа на Црна Гора објави покана за учество на јавно наддавање за продажба на автомобил „Мерцедес Бенц“, модел „Мајбах С 650“.

Како што е наведено во огласот, почетната цена на возилото е 456.933 евра. Продажбата ќе се изврши преку јавно усно наддавање во Будва на 23 јули.

Во средината на февруари, црногорската влада го усвои предлогот за одобрување продажба на две такви возила. Во тоа време, премиерот Здравко Кривокапиќ рече дека средствата од продажбата ќе бидат уплатени во буџетот и ќе бидат искористени за помош на загрозени граѓани.

Двата Мерцедси „Мајбах“ ги купи Агенцијата за национална безбедност на крајот на 2017 година и почетокот на 2018 година за 1,2 милиони евра.

Министерот за финансии и социјална помош, Милојко Спајиќ, во Собранието објави дека вредноста на второто возило не е ни проценета, бидејќи се уште го користи претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ.

Поврзани новости