Црна Гора е прва во Европа по трговија со дрога

by fokus

Според Глобалниот индекс за организиран криминал, Црна Гора е рангирана на прво место во Европа и на 14 место во светот кога станува збор за трговија со дрога, а четврта во Европа по криминал, по Русија, Србија и Украина и 45 -та во светот, јави РТЦГ.

Кога станува збор за отпорот кон криминалот, како што е наведено во Институтот за алтернативи, од 44 европски земји, Црна Гора е на 38 -то место и 112 -то место во светот.

Во извештајот за Црна Гора се наведува дека земјата главно служи како транзитна зона, без разлика дали станува збор за дрога, оружје или трговија со луѓе.

Се наведува дека хероин од Албанија и Косово се шверцува за Србија и земјите од Европската унија и дека криминалните групи поврзани со тие дејности се карактеризираат со одредено ниво на насилство.

Црна Гора, се посочува, дека е главната влезна точка за кокаин шверцуван во ЕУ преку Балканот, претежно од Латинска Америка.

Пазарот на кокаин е контролиран од неколку мафијашки групи, особено клановите „кавачки“ и „шкаљарски“, се наведува во извештајот.

Поврзани новости