Црн рекорд во Бугарија: Дури 106 починати за 24 часа

by fokus

Во Бугарија во изминатите 24часа потврдени се 3.816 новозаболени со Ковид-19 врз основа на 8.826 тестирани лица.

Во изминатото деноноќие регистрирани се 106 смртни случаи. Тоа е првпат од почетокот на епидемија во Бугарија да има над сто починати луѓе од последици од новиот коронавириус.

Во Бугарија во моментот има 51.922 активни случаи.

Од почетокот на епидемијатаво земјата регистрирани се 78.976 заболени лица, а починаа 1.771 човек.

Поврзани новости