646
Во Албанија минатата недела беше регистрирано највисокото ниво на морталитет како последица од Ковид-19.
Официјалните податоци покажуваат дека во последните седум дена (16 февруари – 22 февруари) животот го загубиле 114 лица, а притоа е регистрана и најмладата жртва во земјата, на 18-годишник. Претходно, најголем број смртни случаи беше забележан во првата недела од декември, кога имаше 112 жртви.
Дневниот просек на смртни случаи во последната недела е 16 лица. Минатиот петок беше денот со најголема загуба на животи или 19, додека неделата беше ден со најмалку, односно13 жртви.