И сопругата на Мијалков на информативен разговор во полициска станица

by fokus

Сопругата на Сашо Мијалков, Александра Мијалкова, предмалку била на информативен разговор во полициска станица, каде што е испрашувана за бегството на сопругот.

Вчера пак неколку часа во станица беа држени и братот на Мијалков, Влатко Мијалков и неговиот син Јордан Мијалков.

На разговор освен членови на семејството се повикуваат и лица од обезбедувањето на поранешниот прв човек на УБК.

Мијалков избега откако дозна дека му е одредена мерка притвор за случајот „Таргет и тврдина“ и тоа пред да го прими решението.

Поврзани новости