438
Политицијата синоќа подигнала 21 моторно возило со специјално возило „пајак“ и врачила 26 мандатни платни налози околу Сити Мол, во време кога во трговскиот центар имаше зголемено присуство поради најавените попусти во рамки на таканаречениот Црн петок.
Како што соопшти полицијата, седум платни налози биле за паркирани возила на коловоз, седум платни налози биле за паркирани возила на тротоар, зеленило и дванаесет платни налози биле за паркирани возила на автобуско стојалиште.
Полициската акција се реализирала синоќа во периодот од 19:00 до 23:00 часот од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај.