Директорот на „Слобода превоз”, Ленин Јовановски, кој денеска присуствуваше за време на продолжението на 19-тата седница на градскиот Совет за советнички прашања, во однос на прашањата поврзани со проблемот на приватните автобуски превозници, истакна дека не ги добиле очекуваните одговори. Дали ќе продолжи блокадата на крстосницата кај Мавровка, ќе се одлучи вечерва.
– Дали ќе се продолжи со протестите вака на оваа раскрсница или ќе се прошират ќе зависи од координативното тело на превозниците кои вечерва сигурно ќе одлучува, рече Јовановски.
Сакавме да слушнеме што се планирано околу цела ситуација и кое е излезното решение и каде е проблемот што се создаде за да биде Скопје ставено во една ваква тешка ситуација, додаде тој, и рече дека не гледа ниту, ниту желба дека некој нешто ќе направи во оваа ситуација.
Според него, неговото 23-годишно искуство со сите градоначалници до денеска немале ваква ситуација некој да ни посочи дека треба да ги тужат, бидејќи, коко што кажа, сите проблеми што ги имале ги решавале на маса.
– Сега имаме ситуација кога покрај тоа што никој не сака да седне на маса и да понуди решение, дури нема одговор ни на оние основни прашања што треба да се одговорат и јавноста да ги знае за да и биде појасно зошто сето ова се случува, и како некој планира ова да го реши, изјави тој.
Јовановски информираше дека денеска во „Слобода превоз” и во „Макекспрес” влезена е УЈП и дека тековно се доставуваат документите и податоците од нивното работење да ги има на увид.
Прашан околу тврдењата дека се продаваат билети во автобусите на ЈСП, приватниците, и дали приватните превозници продаваат билети или не тој потврдно одговори дека не продаваат и дека тие информации се без аргументи.
– Ако имаа документ ќе извадеа. Нашите документи се доставени до сите советнички групи во Град Скопје по однос на картичките. Долгот е усогласен и тој е во таа висина заедно со ЈСП и не е спорен, тој постои, истакна Јовановски.
Исто така додаде дека тие ниту задолжиле такви билети, ниту можат да печатат такви билети бидејќи, како што кажа, се тоа е во еден електронски систем контролиран само од ЈСП.