ЦИВИЛ со поддршка за Ванхојте

by Фокус

Писмото од ЕУ и САД со проценката дека нема услови за одржување слободни избори, се совпаѓа со наодите и препораките на ЦИВИЛ од долгорочниот мониторинг на социо-политичките состојби и процеси во земјата, особено во контекст на изборите и долгогодишната политичка криза, велат денеска од ЦИВИЛ.

-ЦИВИЛ ја искажува својата поддршка на меѓународниот медијатор Питер Ванхауте и ја изразува својата благодарност за неговата макотрпна работа, за посветеноста и професионалноста, наспроти сите притисоци и опструкции со кои се соочува секојдневно. Ја повикуваме владејачката партија да го повлече своето соопштение кое очигледно е напишано во афект, стои во соопштението на ЦИВИЛ.

ЦИВИЛ ги повика сите политички и општествени субјекти, кои знаат што е одговорност, да помогнат во процесот за надминување на политичката криза во Република Македонија.

-Агонијата во која е втурната Република Македонија може да се прекине само со слободни избори, а за тоа неопходно е одвојување на партијата од државата, пречистување на Избирачкиот список, ослободување на медиумите од партиските стеги и владеење на правото, што подразбира непречено работење и на Специјалното јавно обвинителство.
Го повикуваме претседателот на Собранието Трајко Велјановски и сите политички партии да свикаат итна седница и да ја отповикаат неодамнешната контроверзна одлука за самораспуштање на парламентот и свикување избори на 24 април. Тоа, во овие услови, не е возможно!, се вели во соопштението на ЦИВИЛ.

Поврзани новости