ЛП бара да се укине одлуката за распуштање на Собранието

by Фокус

За уважување на препораките на меѓународната заедница поврзани со изборите, Либералната партија денеска ги повика политичките партии и лидерите-потписници на Договорот од Пржино на доследност и одговорно однесување.

Според ЛП, во текот на денот потребно е да биде предложен Закон за измена на изборниот законик, со кој се брише предвидениот датум за изборите, да биде предложена Одлука за укинување на Одлуката за распуштање на Собранието и, за таа цел, да биде побарано свикување итна седница за утре, 23 февруари на која ќе бидат ставени на дневен ред и усвоени предложените одлуки.

-Имајќи ја предвид јасната определба на меѓународната заедница дека одлуката за ова треба да резултат на одговорното однесување на партиите од власта и опозицијата, Либералната партија потсетува дека процедуралните одредби не смее да бидат запоставени и да остават маневарски простор Собранието да не се произнесе по ова формално, но клучно прашање во насока на обезбедување кредибилни, фер и демократски избори на дополнително определен датум, стои во соопштението на ЛП.

Сугестија на Либералната партија е предлагачи на ваквите акти и на одржувањето на вонредната седница на Собранието да бидат пратениците кои ги прифаќаат оценките на меѓународната заедница.

Поврзани новости