Писмото од ЕУ и САД со проценката дека нема услови за одржување слободни избори, се совпаѓа со наодите и препораките на ЦИВИЛ од долгорочниот мониторинг на социо-политичките состојби и процеси во земјата, особено во контекст на изборите и долгогодишната политичка криза, велат денеска од ЦИВИЛ.
-ЦИВИЛ ја искажува својата поддршка на меѓународниот медијатор Питер Ванхауте и ја изразува својата благодарност за неговата макотрпна работа, за посветеноста и професионалноста, наспроти сите притисоци и опструкции со кои се соочува секојдневно. Ја повикуваме владејачката партија да го повлече своето соопштение кое очигледно е напишано во афект, стои во соопштението на ЦИВИЛ.
ЦИВИЛ ги повика сите политички и општествени субјекти, кои знаат што е одговорност, да помогнат во процесот за надминување на политичката криза во Република Македонија.