Одложувањето на седницата за избор на претседател на Сојузот на синдикати на Македонија се користи за вршење на дополнителни притисоци врз гранските синдикати што го поддржуваат Симон Силјановски да ја повлечат поддршката, со цел на реизбор на досегашниот претседател Живко Митревски.
„Најновите притисоци се во форма на наметнување варијанти во стилот „земи или остави“. На гранските синдикати што го поддржуваат противкандидатот Симон Силјановски им се нуди „компромис“ во форма на заменик-претседателско место во ССМ за Силјановски. Во случај да не го прифатат тоа, врхушката на ССМ се заканува дека предлогот за кандидатура на Силјановски ќе го отфрли на претстојната, повеќе пати одложена, седница на претседателството на ССМ. Ќе му најделе некој пропуст за да го оправдаат тоа“, наведуваат изворите на невладината организација.