604
Со само 25 гласа се постигна цензусот за успех на референдумот во Дојран“, соопштија од невладината „Цивил“, предмалку преку фејсбук. Од организацијата најавуваат подетални информации наскоро на пресконференција. Преостанува броењето на гласовите за да се види дали мнозинството граѓани на Дојран гласале „за“ или „против“ продолжување со работа на рудникот „Казандол“ и отварање на други рудници на територијата на општината.
Право на глас имаа 2.747 граѓани кои гласаа на девет гласачки места. Предуслов за референдумот да биде успешен е на него да излезат најмалку 50% плус еден избирач, односно 1.374 граѓани.