Невладината организација Цивил реагираше на затворската казна од 10 месеци која денеска ја доби вујкото на Мартин Нешковски. Велат дека со ова продолжува голготата на семејството Нешковски, кое откако го изгуби синот, го изгуби и таткото кој изврши самоубиство една година подоцна.
-Продолжува голготата на семејството на Мартин Нешковски. Тоа семејство изгуби два члена, а сега уште еден нивни член е казнет со затвор, затоа што ја бара правдата, пишува во реакцијата на Цивил.
Тие велат дека сѐ уште има луѓе во притвор или под истрага по протестите на 5 мај, а спротивно на законските прописи, полицијата сѐ уште не им ги вратила мобилните телефони на приведените на 5 мај.
-Ова е уште еден доказ за повеќекратно и грубо кршење на човековите права и на очигледната намера на власта да внесе страв кај граѓаните, велат од Цивил.