ОН: Случувањата во Куманово имаат и политичка димензија

by Фокус

-Треба брза и независна истрага за случувањата во Куманово, а потребна е и меѓународна соработка во оваа истрага, затоа што таа има своја правна, законска димензија, но има и политичка димензија, рече помошник генералниот секретар на Обединетите нации за човекови права, Иван Шимоновиќ, на денешната пресконференција во Скопје.

Тој додаде дека Обединетите нации се многу загрижени за намалувањето на демократскиот простор во Македонија, односно намалувањето на слободата на изразување, медиумите и притисоците врз граѓанското општество.

Исто така, Шимоновиќ го поздрави и почнувањето на дијалогот меѓу власта и опозицијата.

Поврзани новости