438
Невладината органзиација Цивил информира дека ќе започне проект Граѓански објектив, во кој можат да учествуваат сите полнолетни граѓани, со фотографии, видео и аудио снимки и текстови за сите видови закани, уцени, корупција во изборен контекст и кршење на гласачкото право.
„Секој што има паметен телефон, фотоапарат или камера од каков и да е вид, како и секој што има барем основни вештини за пишување, повикан е да се вклучи во нашиот проект“, велат од Цивил.
Граѓански објектив е проект во кој се комбинираат истражувањето, медиумските активности и активизмот, кои се основа за дологорочно изборно набљудување.