507
Договорот од Пржино за надминување на политичката криза во правна смисла подразбира дека учесниците се рамноправни, совесни и чесни, но, со оглед на досегашните проблеми и опструкции со кои се соочува имплементацијата на договорот, преговорите стануваат бесмислени и бесцелни, соопштија од невладината Цивил.
„Опструкциите на преговорите се повеќе од очигледни, што се гледа во проблемите околу изборот на тимот на Специјалната јавна обвинителка, промените во Изборниот законик, реформите во ДИК, медиумите и низа други горливи теми. Договорот се крши секојдневно и со агресивната кампања со злоупотреба на моќта и коруптивните дејства на власта. Преговорите не личеа на ништо и досега“, велат од Цивил.
Затоа, според оваа невладина организација, единствено логично е преговорите да се прекинат и да се побара оставка од целата Влада, бидејќи преговорите, според неа, прераснаа во начин да се продолжи животот на една инкриминирана група која ја киднапира државата и организира нелегитимни избори.