Тргна средношколскиот марш

by Фокус 12:32
12:32

Со препознатливите пароли „Нема правда, нема мир“, и со „Доста беше молк“ учениците го започнаа маршот. Тргнаа од Градски парк по Илинденска до пред Владата, од каде ќе продолжат до Министерството за образование. Маршот го следи полицијата која е распоредена буквално на сите улици. Дури и се коментира дека ја има повеќе отоколку демонстранти.

protest srednoskolci 3

Инаку, намалениот број ученици во однос на претходните протести се должи на притисоците и уцените кои ги имаат од наставниците и директорите. Дури и некои родители забрануваат нивните деца да излезат исплашени од казните во училиштата. Многумина средношколци денеска останаа затворени во училниците, под постојан надзор и под закани. На некои дури им се одземале и мобилните телефони.

- Advertisements -

Но, учениците со помош на студентите и граѓаните, и денеска од улиците ќе ја испратат пораката дека екстерното тестирање не треба да постои и дека на образованието му се неопходни реформи и тоа итни и темелни.

 

Поврзани новости