Цивил откри случај на гласање со лажни лични документи

by Фокус

ЦИВИЛ-Центар за слобода, открива гласање со лажни документи на претседателските и на парламентарните избори, 2014 година, во Битола. Според изјавата на М.К. за ЦИВИЛ Медиа, тој на денот на гласањето во првиот круг бил член на еден Избирачки одбор, кога се појавило лицето А.В..

Проблемот со документацијата на гласачот не било тешко да се забележи, затоа што точно на таа адреса живеел токму членот на Избирачкиот одбор. Според неговата изјава, веднаш ја посочил неправилноста на полицаецот кој во тој момент бил одговорен за избирачкото место, чиј одговор бил дека не може да ѝ се одземе правото на А.В. да гласа, а откако таа ќе гласа, тој може да го пријави случајот во СВР-Битола. М.К. поднел приговор до Општинската изборна комисија, а следниот ден го пријавил случајот и кај надлежните органи во СВР.

На вториот круг од претседателските избори кои се одржаа заедно со парламентарните избори во 2014 година, лицето А.В. повторно, со лажните документи се појавило на истото Избирачко место да гласа, што покажало дека неговата пријава не била процесуирана ниту од страна на Државната изборна комисија, ниту од СВР-Битола.

Дури пред половина година М.К. бил известен дека на лицето А.В. му се одземени лажните документи. Тоа лице сега се води на друга адреса во Битола.

Поврзани новости