Хан: Важно е изборите да бидат фер, не е важно кој ќе учествува

by Фокус

-Договорот меѓу опозицијата и Груевски за решавање на политичката криза во Македонија има многу елементи и изборите во април се само еден од нив. Дел од овие елементи се исполнети, иако и по крајниот рок, кој беше предвиден. Се разбира, во таква чувствителна ситуација е убаво да има национален консензус. Но треба да се претпостави дека тоа може и да не се постиге. Она што е важно за нас, е изборите да се фер и демократски, рече денеска еврокомесарот Јоханес Хан одговарајќи на прашање што е подобро: изборите да бидат спроведени без опозицијата или да се бара компромис.

Тој дополни дека ОБСЕ ќе испратат повеќе луѓе од вообичаеното да ја набљудуваат како подготвителната фаза на гласови, па и самото гласање во изборниот ден.

-Пак ќе кажам, за нас клучно е изборите да се случат на чесен, транспарентен и демократски начин. Не е важно дали сите ќе учествуваат, важен е квалитетот на изборниот процес. Врз основа на ова може да се направи следниот чекор и да продолжиме напред, рече Хан.

Поврзани новости