ЦИВИЛ: Кој манипулира со незадоволството на младите?

by Фокус

-ЦИВИЛ веќе повика да се сопре спиралата на насилство меѓу младите, а органите на прогонот итно да ја завршат својата работа за да не дојде до нови пресметки меѓу младите луѓе на скопските улици. Насилството на скопските улици продолжи. Чаршијата и социјалните мрежи се преплавени со шпекулации, а институциите на системот молчат, реагираат од ЦИВИЛ.

Од ЦИВИЛ прашуваат дали полицијата, приватното обезбедување и камерите за надзор се наменети само за заштита на спомениците и фасадите и заклучуваат дека безбедноста на живите луѓе, очигледно, не е на листата на оние што вработуваат персонал за чување на спомениците.

-Остануваат неодговорени прашањата за кои институциите не смеат да си дозволат да бидат поставени, а кога веќе дошло до тоа да се постават, не смеат да молчат! Кој е виновен за лудилото на етничката омраза која, како зараза, се шири меѓу младите луѓе? Кој манипулира со незадоволството на младите, организирани во навивачки групи, делат своја „правда“ над „инаквите“?, стои во соопштението од ЦИВИЛ.

 

 

Поврзани новости