402
Џабир Дерала од ЦИВИЛ, ќе се сретне со Антун Херцег од тимот на Еврокомесарот Јоханес Хан денеска во седиштето на ЕУ Делегацијата во Скопје.
-Во оваа прилика, претставникот на ЦИВИЛ ќе му го врачи на претставникот на Европската Комисија извештајот од изборниот мониторинг и документ со главните наоди и препораки за итни мерки за надминување на кризата, одговорност за изборните нерегуларности и обезбедување услови за слободни избори во Македонија, известија од ЦИВИЛ.
Содржината на документот ќе биде обелоденета во Парк Резиденс во рамките на церемонијата за доделување награди за граѓанско новинарство, со почеток во 12:30 часот.