Вкупно, повеќе од 170 случаи на притисоци, закани, злоупотреби и други категории на нерегуларности, пристигнаа во „Цивил“ од 21 ноември до 8 декември, не броејќи ги пријавите кои се однесуваат на проблемите со избирачкиот список, информираа од организацијата.
Продолжуваат притисоците врз гласачите, за што до „Цивил“ дојдоа уште повеќе од 100 пријави од сите краишта на Македонија, од почетокот на втората недела од предизборната кампања. Во периодот од 5 до 8 декември примивме повеќе од 600 повици од граѓани кои загрижени за тоа дали ќе имаат можност да го искористат своето право на глас на предвремените парламентарни избори, велат од ЦИВИЛ.
Тие денеска во 13 часот ќе одржат прес-конференција пред Државната изборна комисија, по која, нивни претставници ќе им предадат папка на службите во ДИК, со повеќе од 60 добро документирани и образложени случаи.