СДСМ: Во Македонија најтешко се живее од цел регион!

by fokus

Македонија стана земја во која тешко се живее, а тоа го потврди и Извештајот за човековиот развој на Обединетите нации зa 2015 на кој Македонија се наоѓа на 81-то место зад Словенија, Хрватска, Србија, Црна Гора, се вели во денешното соопштение на СДСМ.

-Со Груевски во Македонија нема живот затоа што над 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштија. Со Груевски во Македонија нема живот затоа што граѓаните се иселуваат масовно, 626.312 си заминаа од Македонија. Со Груевски во Македонија нема живот затоа што имаме најлошо здравство, и најлошо образование во земјите од регионот. Затоа граѓаните имаат шанса во недела да си го вратат животот во Македонија. Граѓаните на Р.Македонија имаат шанса да изберат повисоки плати, минимална од 16.000 денари и просечна од 30.000 денари за квалитетен животен стандард и спокоен живот, добро платени работни места од силно поддржани домашни претпријатија со 140 милиони евра, институции во служба на граѓаните, правда за сите и контрола над власта, велат од СДСМ.

 

Поврзани новости