Цистерна се запалила на патот Куманово-Крива Паланка

by fokus

Цистерна се запалила синоќа околу 22.30 часот на регионалниот пат Куманово – Крива Паланка, во близина на селото Руѓинце, соопшти денеска СВР Куманово.

Пожарот избувнал при движење на возилото – цистерна со косовски национални ознаки, сопственост на фирма од Приштина. Во пожарот била зафатена кабината на возачот, но нема повредени лица.

Екипа на кумановската противпожарна единица го гасела пожарот речиси два часа со пена и вода. Кога отишле на терен возилото целосно било во пламен, информираа денеска од противпожарната единица.

Поврзани новости