И студентите од „Кузман Јосифоски – Питу“ ќе се „удават“ во сопственото ѓубре

by fokus

Откако пред почетокот на седмицата се појави фотографија од студентскиот дом „Пелагонија“, каде на еден простор беше собран голем отпад, истото се случува и со студентскиот дом „Кузман Јосифоски – Питу“.

На социјалните мрежи се појави нова фотографија од овој студентски дом, а прв во очи паѓа огромниот отпад.

Покривот на мензата на овој студентски дом е „сардисан“ од разновидно ѓубре, шишиња, разни хартии, најлони, кои очигледно е дека ги фрлиле студентите од своите соби.

Ваквата слика наиде на револт на социјалните мрежи и лавина критики кон студентите кои престојуваат во овој студентски објект.

Во изминатиот период, студентите сместени во студентските домови се жалеа на условите во кои се сместени, но очигледно е дека треба да поработат и на сопствената хигиена која според фотографиите, е на мошне ниско ниво.

Поврзани новости