Циркузијада на дело

by Fokus

Го бараа како Пабло Ескобар, а дојде со свои нозе, во убаво светнати чевли, дотеран, со свежина на образите. Рече бил во изолација поради висока температура. А наводно претходно ја прележал короната. А, бре, кој смее да си дозволи толкав циркус со народот? Па, што сме ние? Марионетки на батерии?

Пишува Арбен ТАРАВАРИ

Сирк ду Солеј (Cirque du Soleil) или „Циркусот на сонцето“ е канадска компанија за забава број еден во светот за циркуски претстави. Секако, да се оди во циркус за време на пандемија е ирационална желба, бидејќи се забранети масовните собири. Арно ама, за кутрите луѓе во Македонија циркузот е секојдневие.

Власта, очигледно, ја познава уметноста на оваа забава, па речиси секојдневно приредува циркуски претстави. Еве, да речеме, по капиталната одлука на Судот за обвинетите во случајот „Монструм“ од власта се очекуваше да се добие барем образложение.

ГОНЕЊЕ НА КРАЛОТ НА КРИМИНАЛОТ

Зашто кога се бараа гласови од Албанците им се велеше дека има ‘бомби’ кои докажуваат дека невини луѓе се во затвор, а сега кога невините се осудени на доживотен затвор Албанците се револтирани. Каде е сега премиерот?! Зошто тој не излегува и не бара правда за невините Албанци?!

Дали правдата реши погрешно (како и честопати во оваа држава) или власта реши погрешно?! Кој тука ќе ја разбере болката на семејствата на жртвите?! Но, тоа не е единствената голема грижа деновиве.

Пандемијата! Пандемијата се разликува од една во друга држава. Вирусот е лукав, наоѓа лица со послаб имунитет, полесно му е да ги нападне, наоѓа измамнички клетки и заедно со нив започнува да ги инфицира белите дробови. Така и пандемијата. Наоѓа држави со слаб имунитет како последица на корумпирани владетели и измамници и од тоа добива на замав. Бројките се зголемуваат, британската варијанта на мутација се поигрува со нашите животи, а вакцини нема! Каде се?

Луѓето се повикуваат да аплицираат преку Интернет дење и ноќе, но вакцините ги нема никаде … потоа, цветаат невработеноста и сиромаштијата … Нема поцрни денови за луѓето, но и за премиерот и неговите избраници, бидејќи тие се оние што ја сносат главната одговорност за оваа состојба. А каде се тие? Можеби учествуваа во режирањето на циркуската претстава „Гонење на Кралот на криминалот“.

ДАЈТЕ АСАЛЕН ЖАНР

Во меѓувреме, се дефокусораше вниманието на народот од целиот овој кошмар … Веста за бркањето на Кралот се прошири со интензитет на нуклеарна закана. Запре сè! По неколкудневна потрага, ангажирајќи го дури и Интерпол, човекот кого го бараа дури и во глушечка дупка, самиот си дојде во Обвинителството.

Го бараа како Пабло Ескобар, а дојде со свои нозе, во убаво светнати чевли, дотеран, со сигурност во погледот, свежина на образите. Рече бил во изолација поради висока температура. А наводно претходно ја прележал короната. А, бре, кој смее да си дозволи толкав циркус со народот? Па, што сме ние? Марионетки на батерии?

Да бевме на циркуската арена, оваа нумера ќе заслужеше аплауз. Лавот ќе рикаше, мајмуните ќе скокаа, инструментите ќе свиреа, акробатите ќе потскокнуваа.  Какво е ова потфрлување?  И сакате после да ви се верува дека ќе го искорените криминалот и злите дела?

Па, со вакви циркуски точки државата ни се сведе на полигонот каде што едно време се сместуваа камионите на циркусот „Медрано“. Просто човек да посака да има толку „силни батерии“  за да може „трчачим кораком“ да си оди од Медрано. Или ајде веќе да го смениме сценариото и да се фатиме за некој посериозен жанр. Преку глава ни е од комедии, циркуси и хорори. Се’ ни се испомеша. Дајте асален жанр!

 

Поврзани новости