Професорот Трајковски се вакцинираше против Ковид-19 во Врање: Немам никаква реакција!

by fokus 18:45
18:45

Професорот по теоретска механика на битолскиот универзитет „Свети Климент Охридски“, Дејан Трајковски, кој во изминатиот период постојано прави пресметки и анализа за ширењето и последиците од Ковид-19, денеска се вакцинираше против вирусот.

Тој објави фотографии, информирајќи дека ја примил вакцината АстраЗенека. Професорот за „Фокус“ појаснува дека се вакцинирал во Врање и дека засега нема никаква несакана реакција.

- Advertisements -

-Засега, еден час по вакцинацијата немам никаква реакција, освен зголемена глад. Ревакцинацијата е по 3 месеци, ни ијзави професорот.

За тоа пак како успеал да добие право да се вакцинира во Врање, професорот Трајковски појаснува:

-Бидејќи имам српско државјанство тоа не беше проблем, но за жал заради гужвите мораа да ги стават на чекање странците, што не мора да значи дека така и ќе остане, ни изјави професорот, со надеж дека наскоро ќе започне вакцинацијата и во Македонија, која засега е само за здравствените работници.


В.В.

Поврзани новости