563
Лидерот на грчката опозиција, Алексис Ципрас попладнево пристигна во Македонија. Тој утре ќе учествува на Самитот на „Економист“ во Скопје, на кој е најавено присуство на околу 450 учесници, меѓу кои странски бизнисмени, политичари и менаџери на компании важни за регионалната амбиција за евроатлантски интеграции, како и новинари.
Ципрас по пристигнувањето во Скопје прво ја посети македонската Влада, за да се види со својот пријател, македонскиот премиер Зоран Заев.