Силно невреме во Централна Европа, загина 14-годишно девојче во Словачка

by fokus

Силно невреме ја зафати централна Европа денеска – девојче загина во Словачка, а железничкиот сообраќај привремено беше прекинат во северна Германија.

Словачката полиција објави дека 14-годишно девојче загинало кога врз неа паднало дрво во источна Братислава.

Повредени се и неколку други студенти, од кои еден е хоспитализиран во тешка состојба.

Во соседна Чешка, околу 30.000 домаќинства останаа без електрична енергија, а урнати дрвја блокираа патишта и железници.

Во Германија, железничкиот сообраќај на североисток на земјата, од Берлин до Хамбург и Хановер, не функционираше некое време. Со железнички проблеми се соочија и во јужна Германија.

Во близина на Волфсбург, помеѓу Хановер и Берлин, брз воз удри во дрво што паднало на шините при што со повреди се здобил машиновозачот.

Две зоолошки градини се затворени во Берлин и сите животни сместени во затворени простории.

Поврзани новости