-Денес го спомнуваме фактот дека ништо не сме добивале бесплатно. Сето ова сме го освоиле со борба. Кога сте во право, победувате, порача грчкиот премиер Ципрас на денешната воена парада во Атина по повод Денот на независноста на Грција.
Дождот не ги спречи Грците да излезат и да ја проследат парадата по централните улици на Атина, каде што поминаа тенкови, а прелетаа воени ловци и хеликоптери.
-Кога Грците бараат нешто, а ние сме категорични по ова прашање, а уште повеќе дека сме во право, тогаш сè може да биде постигнато, полн со патриотизам говореше грчкиот премиер.
Во меѓувреме, Европската централна банка им порача на грчките комерцијални банки да не купуваат обврзници издадени од државата, бидејќи на тој начин создаваат опасност од финансиска нестабилност.