Ципрас на средба со Штајнмаер: Договорот од Преспа беше храбар чекор

by Фокус

Грчкиот премиер Алексис Ципрас, на денешната средба со германскиот претседател Франк Валтер Штајнмаер во Атина, истакна дека Договорот од Преспа е модел на разбирање и взаемно почитување на два народи.

– Направивме еден смел, храбар чекор со Договорот од Преспа. Верувам дека овој Договор е модел на разбирање меѓу два народи, кои сакаат да живеат мирно, без едниот да ги потценува историјата и идентитетот на другиот. Храбар чекор кој верувам дека придонесува за стабилноста на Балканот, но и во поширокиот регион – рече Ципрас.

Штајнмаер, пак, го поздрави договорот меѓу Македонија и Грција и изрази жалење за резултатот од референдумот, кој не дал конечно решение.

– Големото мнозинство од оние кои излегоа на гласање, секако беше за овој Договор, го поддржа, но сепак не беше доволно ова мнозинство. Се надевам дека големите напори што беа вложени, нема да бидат залудни – рече тој.

Поврзани новости