Трпески: Водат политичка хајка против мене додека неспособниот директор го растура катастарот

by Фокус

Ни сум изготвил ни сум потпишал ниту едно решение за унапредување на било кој државен службеник вработен во Агенцијата за катастар на недвижности, во перидот додека ја обавував функцијата, вели поранешниот директор Славчо Трпески, откако полицијата до обвинителството поднесе кривична пријава за незаконски вработувања и унапредувањa во катастарот додека тој бил директор.

„Донесување на решенија за распоредување на државни службеници врз основа на Законска обврска за усогласување со новиот Закон за административни службеници, за кои се обезбедени согласности од Министерството за финансии, Министерството за информатичко општество и администрација и Секретаријатот за рамковен договор, најнеспособниоот директор во историјата на катастарот го пријавува како кривично дело за кое денес на државен празник Министерството поднесува кривична пријава против мене“, стои во реакцијата на Трпески.

Тој оценува дека се работи за политичка хајка со цел да се покрие слабата работа на актуелното раководство на македонскиот катастар, како и општата пост референдумска состојба во државата.

„Во ситуација кога актуелниот директор на катастарот Борис Тунџев спротивно на Законот за администрација унапреди повеќе од 50 раководни службеници, го растури целиот професионален менаџерски тим обучуван од Шведскиот и Холандскиот катастар, а кој тим го донесе катастарот да биде најдобар во регионот и 17 во Свет, а ИТ сектор комплетно го распушти со што го доведува во прашање Електронскиот катастар а со тоа и сопственоста на граѓаните и хипотеките на Банките, директор кој истовремено е и Судски вештак и го крши како законот за катастар на недвижности, законот за избрани и именувани лица, Законот за спречување на судир на интереси и уште којзнае колку други закони, директор кој спротивно на законот ослободува граѓани и приватни фирми од плаќање на надоместоци на катастар и директно го оштетува  буџетот, директор кој распиша тендер во висина од 260.000  евра за Адресен Ресистар со услови што ги исполнува само неговата фирма и фирмите на неговите бизнис партнери, а со барање да се собираат податоци за Општина Кисела Вода, податоци кои веќе се собрани и обработени со предходен тендер, како и за уште многу други кривични дела за кое во деновиве што следат ќе поднесам кривични пријави до Јавното обвинителство,  СДСМ одлучи да прави политички прогон  против лица докажани во својата струка“, вели поранешниот директор на катастарот.

Поврзани новости