Ципрас и Меркел разговарале за спорот за името меѓу Македонија и Грција

by Фокус

Грчкиот премиер Алексис Ципрас имал телефонски разговор со германската канцеларка Ангела Меркел, а една од темите било и прашањето со името, соопштуваат од кабинетот на Ципрас.

„Двајцата лидери разговараа за текот на разговорите за прашањето за името на ПЈРМ, провокативната воздухопловна активност на Турција во Егејското море и евротурските односи“, се наведува во кусото соопштение од кабинетот на грчкиот премиер, јавува МИА.

Телефонскиот разговор меѓу Ципрас и Меркел доаѓа на само еден ден пред посетата на македонскиот премиер Зоран Заев на Берлин, каде треба да се сретне со германската канцеларка.

Поврзани новости