Веднаш по изгласувањето на потребата за носење на уставни измени, европските лидери почнаа да испраќаат честики до Македонија и македонската влада.
Еден од првите беше грчкиот премиер Алексис Ципрас кој му честиташе на неговиот колега Зоран Заев.
-Честитки за мојот пријател Зоран Заев! Вечерашното гласање е голем чекор напред кон нашиот заеднички успех. Многу важен чекор за мирна и просперитетна иднина за нашите народи!, напиша Ципрас.
Претседателот на Советот на ЕУ Доналд Туск испрати на Твитер порака на македонски: „Еден глас еден голем чекор поблиску до заземање на местото кое ви припаѓа во нашата трансатлантска заедница”.
И комесарот Јоханес Хан напипша на Твитер дека “Ова е голем ден за демократијата во Скопје. Им честитам на сите оние што одлучија да одат по патот на ЕУ. Очекувам дека слободниот избор на пратениците ќе биде целосно почитуван, особено на оние кои се осмелија да гласаат. Потребно ни е лидерство, не партиски игри.”