Ципрас го нарече кукавица Мицотакис, бидејќи не ги ратификувал меморандумите со Македонија

by fokus

Мицотакис не се охрабрува да ги донесе за ратификација во Парламентот трите меморандуми со Северна Македонија, бидејќи се плаши да не ја загуби пратеничката група, рече лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас за време на традиционалната прес-конференција во Солун, во рамки на Меѓународниот саем, коментирајќи дека сето ова е во корист на Турција, јави дописничката на МИА од Атина.

„Едниот се однесува на одбрана на воздушниот простор на Северна Македонија од грчки воени авиони, а другите се договори со економска содржина, кои кога ти, што се поволни за тебе, не ги промовираш, немаш преговарачка сила да бараш од твоите партнери да го почитуваат и спроведат договорот. Не бара од нив да го почитуваат и спроведат договорот и ги остава опуштени. Кој има корист од ова? Да ви кажам јас кој има корист? Турција има корист од ова“, рече Ципрас.

Одговарајќи на новинарско прашање за Договорот од Преспа, Ципрас упати критики до актуелниот грчки премиер дека е „слаб и плашлив“ за конкретната тема.

Од трите меморандуми, кои не се ратификувани во грчкиот парламент, едниот се однесува на одбрана на воздушниот простор на Северна Македонија од грчки воени авиони, а два се за економска соработка.

Лидерот на СИРИЗА на денешната прес конференција порача дека и Северна Македонија мора да го спроведе својот дел од договорот и ги спомена трговските ознаки, учебниците, како и спортските здруженија, а како пример ја зема Фудбалската федерација, за која рече дека „не може да се вика поинаку од Фудбалска федерација на Северна Македонија“.

„Кој ќе ги притисне да го спроведат ова? Кога немаш храброст да ги донесеш за гласање, за ратификација трите меморандуми, бидејќи имаш пратеничка група која се плашиш да не ја загубиш. Толку е слаб и кукавица“, коментираше Ципрас за Мицотакис.

Поврзани новости