431
Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска ќе дојде во посета на Македонија. На средбата во Скопје со премиерот Зоран Заев се очекува да стане збор за многу прашања поврзани со продлабочувањето на соработката меѓу двете соседни земји.
Разговорите меѓу двајцата премиери ќе бидат проследени со средба на Советот за соработка меѓу Грција и Северна Македонија по што ќе следи заедничка прес-конференција.
Ципрас, исто така, треба да се состане со претседателот на парламентот Талат Џафери. Во попладневните часови, Ципрас и Заев ќе присуствуваат на бизнис-форум.