Грчкиот премиер Алексис Ципрас очекува позитивни случувања во однос на прашањето со Македонија во 2018 година доколку, како што вели тој, земјава одлучи да направи позитивни чекори напред.
-Ако тие се откажат од реториката и изјавите дека се тие единствените потомци на Александар Македонски и од своите иредентистички тврдења, тогаш можеби и би можеле да најдеме некое заедничко решение – рече Ципрас.
Тој додаде дека во таков случај тој ќе бил првиот кој ќе ја гарантира европската перспектива, безбедност и сигурност на соседната земја.
-Ние сакаме да направиме иднина во која сите мирно заедно ќе живееме и ќе соработуваме. Тоа што не дели е помало и го има помалку во однос на тоа што не соединува – истакна грчкиот премиер на средбата во Белград со премиерите на Србија, Бугарија и Романија.