335
Васил Тупурковски повторно е избран за претседател на Македонскиот олимписки комитет. Негови заменици или потпретседатели, ќе бидат бизнисменот Јордан Камчев и поранешниот кошаркар Благоја Георгиевски – Буштур, кој сам си ги избра.
Тупурковски добива четиригодишен претседателски мандат по седми пат. Неговиот противкандидат, кајакарот Атанас Николовски, не обезбеди доволно гласови за да го симне од претседателската фотелја.
Циле беше избран со акламативна поддршка од страна на делегатите, со само еден глас воздржан.